ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ
Потребни документи за патување:
Биометриски пасош валиден минимум 6 месеца до датумот на завршување на патувањето.
Задолжително патничко осигурување, во времетраење на целокупното патување.
Авио билет и ваучер во печатена форма.
Останати информации за патување:
Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување.
Дозволен e рачен багаж (ранец) до 8 кг по лице, но со одредена доплата може да се чекира и куфер од 10, 15 и 20 кг.
На излез од аеродром патниците ги пречекуваат претставници или локални соработници на Лео Травел и ги упатуваат на трансфер.
Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром.
Агенцијата не е одговорна за оштетен или изгубен багаж. Секој патник е одговорен за својот багаж и потребно е секој багаж да биде означен со име и презиме на патникот.
Во автобус патниците добиваат програма на патувањето, како и контакт информации од водичот и хотелот каде се сместени.
Пријавувањето и влегувањето во собите го утврдува хотелот, но генерално е после 14:00 часот, а одјавувањето и излегувањето од истите е до 10:00 часот.
Сместувањето во хотелот е во двокреветни, трокреветни или повеќекреветни соби и најчесто на база на ноќевање со доручек или доручек и вечера. Во случај на рано напуштање на хотелот се обезбедува и ланч пакет.
За секаков вид на информации обратете се на: +389 78 408 462
